Јолевски ги посети припадниците на АРМ на јужната граница

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска во Богданци ги посети припадниците на АРМ кои се наоѓаат на обезбедување на нашата јужна граница со Грција, и објектот во кој се сместени војниците за да се запознае со условите во кои тие живеат и работат.

– Од моите претпоставени денеска бев информиран дека ситуацијата на нашата јужна граница е мирна и стабилна. Никогаш не била помирна откако се затвори „Балканската рута“ за бегалците. Значително е намален и бројот на обиди за нелегално минување на границата од страна на мигрантите, особено од есеноска наваму, поради што моментно овде имаме распоредено и најмал број војници во изминативе 18 месеци, рече Јолевски.

Како сериозна држава, потенцира министерот за одбрана, Македонија е подготвена соодветно да реагира доколку дојде до промена на ситуацијата.

– Будно го следиме развојот на настаните и нема да дозволиме да бидеме изненадени во поглед на бегалската криза. Имаме развиено резервни планови и подготвени сме соодветно да одговориме на секоја ситуација, нагласи Јолевски.

По обиколката министерот Јолевски ручаше заедно со војниците во Богданци.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он