Јолевски ги посети Националната одбранбена академија Оперативната команда на армијата на Полска

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски во рамките на работниот престој во Република Полска ја посети Националната одбранбена академија.

– На средбата со ректорот на Академијата полковникот Дариус Козеравски разговаравме за одличната можност за соработка помеѓу Воената академија на Република Македонија и Националната одбранбена академија особено преку програмата ERASMUS PLUS. Интересно е тоа што рамки на оваа Академија функционира и Центар за симулации и воени игри кој во голема мера овозможува развој на вештини и знаења кои се исклучително важни за унапредувањето на интероперабилноста, истакна министерот Јолевски по средбата.

Во тој контекст министерот посочи дека образованието и едукацијата се еден од приоритетите  во Министерството и затоа напорно се работи на уште посилно етаблирање на Воената академија како респектабилна високообразовна институција. Нашата намера, додаде Јолевски, е уште повеќе да ја отвориме  Воената академија кон регионот, но и пошироко кон сите светски партнери.

Националната одбранбена академија на Полска е врвен образовен центар кој претставува основа на воената едукација во оваа земја. Основана како витешка школа во далечната 1765 година, Академијата денес има над 10000 студенти од цивилните и воените структури. Истовремено Академијата е избор и за голем број студенти од сите страни на светот.

На вториот работен ден во Полска, Јолевски ја посети и Оперативната команда на вооружените сили на оваа земја каде беше запознаен со процесот на трансформација на силите како и со  учеството на Полска во меѓународните мировни мисии, соопшти Министерството за одбрана.г

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација