Јолевски – Доскоцил: Заемна поддршка во справувањето со мигрантската криза

Од:

Безбедносната состојба во Европа и Југоисточна Европа и мигрантската криза беа тема на денешната средба во Виена на македонскиот мнистер за одбрана Зоран Јолевски со неговиот австриски колега, Ханс Питер Доскоцил.

Министерството за одбрана соопшти дека на средбата, што се одржа во рамки на министерскиот состанок на земјите од Централна и Југоисточна Европа, е потврдена безрезервната заемна поддршка во справувањето со мигрантската криза. Досегашната соработка е оцената како одлична, а министрите се согласиле внимателно да го следат развојот на настаните поврзани со мигрантите и да ги координираат активностите што ќе ги преземаат двете земји.

Министерот Јолевски се заблагодарил за лидерството на Австрија во регионалната соработка во соочување со овој безбедносен предизвик.

– Двајцата министри се согласија дека усвоената Декларација на министерскиот состанок на земјите од Централна и Југоисточна Европа е мошне корисна. Земјите со обврзаа да направат заеднички акциски план во кој ќе бидат дефинирани нивните кадровски и технички ресурси во случај на појава на ситуации предвидени во можните сценарија за евентуалниот развој на мигрантската криза. Координацијата и соработката меѓу земјите има клучна улога за справување со овие предизвици, се вели во соопштението.

Министрите Јолевски и Доскоцил размениле мислења и за актуелните внатрешно-политички состојби во двете земји, Југоисточна Европа и Европа во целина.

Би можело да ве интересира

Во „киа“ стуткани 10 мигранити, фатен криумчар во Гевгелија

СДСМ бара Мицкоски да одговори дали со Британија е договорено прифаќањето на мигранти и мигрантски кампови во Македонија

Чикаго како воена зона – солзавец, гумени куршуми и пукање

Орбан: Веќе една деценија ги штитиме Унгарија и Европа од нелегална миграција

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трамп ја започна операцијата „Мидвеј Блиц“

МВР: Има намалување во бројот на илегални транзитирања на мигранти низ Македонија