Јолевски: Авганистан во пост ИСАФ периодот – можности за заеднички придонес

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски во рамки на Сеопфатниот регионален министерски состанок, што се одржува во Будва, Црна Гора, вчера имаше обраќање посветено на идната можна соработка на земјите од САД-Јадранската повелба во НАТО мисиите, по завршувањето на мисијата ИСАФ во Авганистан.

Присуството на македонските мировници во Авганистан во рамки на мисијата ИСАФ, нагласи Јолевски, претставува голем национален и регионален придонес во поддршка на авганистанските власти за изградба на демократско, безбедно и просперитетно општество.

– Досегашниот заеднички придонес во ИСАФ се покажа и докажа како вистински начин за унапредување на регионалната соработка, интензивирање на пријателството меѓу земјите во регионот и бенефит за сите учесници. Заедничкото учество во ИСАФ даде значаен придонес и кон заедничките обуки пред распоредувањето во Авганистан. Оваа пракса беше многу корисна и истата би требало да продолжи преку организирање на заеднички вежби која ќе биде од голема корист за сите земји, рече министерот за одбрана Јолески.

Во рамки на вчерашните состаноци беше потпишана и заедничка изјава на министрите од А-5 во која се истакнува силната поддршка за што поскоро членство на Република Македонија во НАТО, продолжување на соработката во сојузничките операции и мисии, унапредување на регионалната соработка на полето на справување со катастрофи и продолжување на работата во духот на концептот „Паметна одбрана“.

Министерот Јолевски во текот на вчерашниот ден оствари средби и со заменик помошникот на секретарот за одбрана на САД, д-р Евелин Фаркаш, при што, соопшти денеска МО, биле разменети мислења за новата безбедносна закана која доаѓа од исток под името ИСИЛ, како и со директорот на Центарот за безбедносна соработка, RACVIAC, Бранимир Мандиќ на која се разговараше за идните проекти на овој Центар и продолжување и интензивирање на соработката со Министерството за одбрана и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната