ЈО: Ќе го разгледаме барањето на Јанева и на обвинителите

Од:

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска до Јавното обвинителство доставил известување од јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое го примил преку КПУ Затвор Скопје- Скопје.

-Во известувањето се наведува дека јавниот обвинител за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ги овластува јавните обвинители во тоа обвинителство кривичните предмети да ги предадат во Јавното обвинителство, соопшти Јавното обвинителство.

Во Јавното обвинителството како што е наведено во соопштението, примено е и известување со барање информации од СЈО, во кое е приложено и доставеното полномошно.

Од Јавното обвинителство велат дека ќе ги разгледаат овие поднесоци, по што јавноста ќе биде известена.

Претпладнево специјалната обвинителка Катица Јанева, која е во притвор во КПУ Затвор Скопје- Скопје како осомничена за случајот „Рекет“, дала полномошно сите предмети на СЈО да бидат предадени на Јавното обвинителство. Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага.

Мандатот на СЈО истекува на 15 септември. Неговиот иден статус треба да се реши со новиот закон за ЈО кој е во собраниска процедура, но за него власта и опозицијата засега не можат да се усогласат.

Би можело да ве интересира

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрагата за 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава