ЈО: Извршен претрес во домот на С.В. во Куманово, не и приведување

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека вчера во рамки на предистражна постапка што се води во ова обвинителство, извршен е претрес во домот на лицето С.В. во Куманово, но не и активности за негово приведување.

Наредбата за претресот е издадена од страна на судија на претходна постапка од Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

– Цел на претресот беше пронаоѓање траги на кривично дело или предмети важни за кривичната постапка и нивно одземање. Одземени се предмети што содржат податоци во писмена форма и предмети што содржат податоци во електронска форма, во врска со кривични дела – злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување од кривичниот законик, како и други кривични дела за кои се гони по службена должност, се наведува во соопштенито на ЈОРМ.

Имајќи ги предвид информациите пласирани во медиумите во врска со преземеното дејствие, се наведува во соопштението од ЈОРМ, особено изнесените информации дека требало да се приведува лицето С.В., Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека преземените дејствија согласно издадената судска наредба се само за претрес на дом, не и приведување на лицето.

Инаку, вчера, додека траеше претресот на домот на началникот на СВР Куманово, група граѓани од Куманово собирајќи се преку социјалните мрежи, излегоа пред домот за да му изразат поддршка на началникот, по што тој им се обрати и повика да си заминат, по што граѓаните го напуштија местото.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Петмина скопјани се под истрага на Обвинителство – ја поддржуваат идеологијата на ИСИС

А1он

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници