ЈО и МВР започнале акција против организирана група што вршела трговија со дрога

Од:

Основното јавно обвинителство и МВР вчера извршиле акција за гонење на група која што вршела нелегална трговија со дрога.

„Работејќи на континуирано откривање и гонење на организираниот криминал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција раководи со предистражната постапка за откривање на организирана група што извршува кривични дела на нелегална трговија со дрога. Акцијата е спроведена против криминална група на повеќе локации и во повеќе населени места при што се откриени наркотици и лишени се од слобода повеќе од три лица.

Во тек е целосното документирање на случајот по што јавноста ќе биде информирана за понатамошниот тек на постапката и преземените дејствија“ соопштуваат од обвинителството.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски