ЈИПР: Владата да се произнесе за резулатите од референдумите за рудниците

Од:

Постапката за оценка на студиите за влијанието врз животната средина на потенцијалните рудни наоѓалишта, како и водењето на јавната расправа во општините каде се спроведе референдум и оние кои бараат спроведување референдум за отворање рудници во југоисточниот дел од државата било спроведено согласно Законот и правилниците на РМ, одлучи на денешната седница Советот на Југоисточниот плански регион (ЈИПР) во Гевгелија.

Советот заклучи дека согласно законската регулатива во РМ со која се уредува проблематиката околу искористувањето на минералните суровини како национално богатство, односно концесии за геолошки истражувања на минералните суровни и за нивна експлоатација издава исклучиво Министерството за економија, односно Владата на РМ.

Според зкалучокот, општините пред и по одржаните референдуми, немаат никаква надлежност за преземање мерки, односно референдумите не произведуваат никаква правна обврска за локалните самоуправи за веќе издадените концесии за експлоатација.

Единствено резултатите од референдумите може да ги достават до Министерството за економија, односно Владата на Република Македонија, која има законска обврска да се произнесе за резулатите од референдумите и да донесе соодветни одлуки за доделените концесии за истражување и експлоатација на минералните суровини.

Имајќи го сето ова во предвид, Советот на Југоисточниот плански регион од денешната седница во Гевгелија побара од Владата на РМ поради итноста на ситуацијата, на првата наредна седница да се произнесе со официјален став по однос на овие прашања.

Би можело да ве интересира

Кој ќе ја плаќа отштетата за пропаднатите рударски инвестиции?

А1он

(ВИДЕО ) „Еуромакс ресоурцес“ со последна опомена до власта да го почитува законот, пред да почнат арбитража тешка милијарди евра

Орце Костов

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

Петровски: Отварањето на нови рудници треба да биде приоритет, а не табу тема!

Македонското рударство од почитувана, профитабилна и значајана стопанска гранка до повици за забрана за отворање нови рудници

Бектеши: Нема институција што не дала позитивно мислење за рудниците од 2005 година наваму

Орце Костов