Јавно-приватно партнерство за намалување на ризикот од постоперативни инфекции

Од:

Почнува процесот на склучување договор за јавно-приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции, чија цел е да се унапреди системот за стерилизација во областа на хирургијата и да се намали ризикот од постоперативни инфекции.

Како што соопшти владината прес-служба, овој модел на јавно-приватно партнерство е во согласност со одлуката која Владата ја донесе неодамна и е објавена во Службен весник.

– Согласно предложениот модел на јавно-приватно партнерство, опфатен е период од 15 оперативни години. Вредноста на инвестицијата е околу 16 милиони евра, а приватниот партнер ќе биде должен да ги вложи овие средства во период од две години, односно околу 35 проценти или 5,8 милиони евра во текот на првата година и останатите 65 проценти или 10,3 милиони евра во втората година од работењето, соопшти Владата.

Моделот предвидува избраниот приватен партнер да биде одговорен за финансирање во четири регионални центри за интегриран менаџмент за стерилизација на територијата на државата, финансирање на изведба за реновирање/адаптирање на објектите во постојните центри за стерилизација (четири кои ќе бидат избрани како најсоодветни), понатаму целосно опремување на регионалните центри за интегриран менаџмент за стерилизација, обезбедување персонализирани комплети на стерилни хируршки инструменти, нивно редовно одржување и обновување во консултација со докторите хирурзи, обезбедување стерилизиран медицински материјал (облека и опрема), третман на медицинскиот и техничкиот отпад од хируршките сали, како и целосно менаџирање и управување со интегрираните услуги за стерилизација согласно прифатени стандарди и протоколи.

Јавниот партнер, односно државата како дел од партнерството, пак, ќе има обврска да обезбеди локации со објекти за четири регионални центри за интегриран менаџмент за стерилизација, да ја врши контролата врз обврските преземени од приватниот партнер, како и контролата и мониторингот над извршувањето на работите, и да го изврши плаќањето за извршената јавна услуга.

По истекот на предвидените 15 години, според моделот, приватниот партнер во целост на јавниот партнер ќе му ја предаде развиената инфраструктура, вклучително и целосно опремените четири регионални центри за интегриран менаџмент за стерилизација, обновени хируршки сали, нови хируршки инструменти, санитетски возила и софтверскиот ИТ-систем.

-Ваквата одлука на Министерството за здравство и Владата на Република Македонија е резултат на физибилити-студија која беше изработена во декември минатата година. Процесот на избор на јавен приватен партнер ќе се одвива транспарентно и во согласност со Законот за јавни набавки. Како прв чекор Министерството за здравство ќе организира стручна дебата за докторите хирурзи, како и со целокупниот медицински персонал кој ги извршува хируршките интервенции, посочува прес-службата на Владата.

Нагласува и дека со овој модел ќе се овозможи долгорочно унапредување на реализацијата на хируршките интервенции и ќе придонесе за поголем развој на здравствениот систем во целина, нови вработувања и редовни обуки и доквалификации за медицинскиот кадар.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски