Јавно обвинителство: Сите документи за „Пуч“ се предадени на Катица Јанева

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција тврди дека ја има предадено документацијата со сите описи и докази за „Пуч“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во соопштението на обвинителството се вели дека разликата што се појавува во однос на доказите е единствено во класифицираните материјали за кои не постои втор примерок, односно дека единствениот примерок од истите е предаден во Основниот суд Скопје 1 – Скопје при поднесување на обвинението.

„Сакаме да нагласиме дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ниту задржува, ниту поседува списи и докази за кој било предмет што не е во негова надлежност. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција потенцира дека со истите докази кои се веќе предадени на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, предходно го застапуваше обвинението во предметот пред судот“, стои во соопштението.

Наспроти тоа, Специјалното јавно обвинителство вчера повторно побара одложување на случајот „Пуч“, каде како четврто обвинет се јавува лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со образложение дека Судот не ги предал доказите за предметот.

Лидерот на опозицијата по судењето кажа дека Основниот суд нема сертификат за класифицирани материјали на кои се повикуваат Судот и Основното јавно обвинителство, а наспроти него, СЈО го поседува тој сертификат.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за мажот кој ја навредуваше, па и се закануваше на Данела Арсовска

Обвинителство отвори постапка против двајца осомничени за насилство врз Данела Арсовска

А1он

Се истражува нападот во Визбегово, ОЈО бара притвор за маж и жена кои нападнаа новинарска екипа

Горан Наумовски

Обвинителство изврши увид по тешката сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

А1он

ОЈО бара мерки за претпазливост за последниот 19-ти осомничен со кого е проширена истрагата за пожарот во Кочани

А1он

Обвинителството бара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за сите осомничени за пожарот во Кочани

А1он