Јавниот сектор пораснал за над 3.300 луѓе

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска го објави Извештајот за вработени во јавниот сектор за 2018 година, кој покажува дека во споредба со 2017 година, во јавната администрација се вработени 3.346 луѓе повеќе.

Според извештајот за 2018 година, во 1.314 институции во државата работат 132.068 луѓе. Извештајот од 2017 година, пак, покажува дека во 1.299 институции работеле 128.722 лица, што значи дека во државата има тенденција на зголемување и на бројот на јавни институции и на бројот на вработени.

„Од вкупната бројка на зголемување 2.156 лица се распределени во дејностите за труд и социјала и образование. Новите вработувања во дејноста труд и социјала се во 30-те центри за социјална работа, девет установи за социјална заштита и 67 градинки на територијата на целата држава“, рече Манчевски.

Во Извештајот е направена анализа на структурата на податоци за 112,164 вработени во јавниот сектор, од кои жени се 60.593, додека мажи се 51.571.

Просечната возраст на овие вработени изнесува 45.95 години, кај жените просекот е 45.16 години, додека кај мажите 46.89 години.

Од сите вработени, 347 се без образование, 118 се полуквалификувани, 225 се квалификувани, 10.015 се со основно образование, 38.373 се со средно образование, 4.682 се висококвалификувани, 1.069 се со вишо образование, ,50.301 се со високо образование, 5.053 се магистри, а 1.981 се доктори на науки.

Или, со други зборови, во јавниот сектор во државата работат 5 пати повисок број на лица без или со основно образование од доктори на науки.

Според етничката структура, од вработените во јавниот сектор 83.993 се Македонци, 22.060 се Албанци,
2.110 се Турци, 1.355 се Роми, 1.019 се Срби, 450 се Бошњаци, 423 се Власи, а 754 се други или не се изјасниле.

Преку Агенциите за привремени вработувања во институциите на јавниот сектор, работно ангажирани се вкупно 2.439 лица и истите немаат статус на вработени во јавниот сектор и не влегуваат во анализите содржани во извештајот што го презентираше Манчевски.

Токму овие привремени вработувања често се наоѓаат на тапет во јавноста поради можноста за злоупотреби, односно поради фактот што ваквиот тип работни места често се користат за протнување партиски кадри, а потоа нивниот работен однос се претвора во траен.

Извештајот содржи комплетни информации за структурата на вработените во јавниот сектор, а податоците во Извештајот се резултат на вкрстена анализа на податоците од МИОА, Министерството за финансии, Агенцијата за вработување, и Фондот за здравствено осигурување.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

На еден месец пред техничка Влада врие од огласи за вработување во државно: Само ЕСМ бара над 500 лица

Орце Костов

Битиќи: Ќе им ги зголемиме платите на судиите кога граѓаните нема да чекаат по шест години за своите предмети

Орце Костов

Нема веќе пиши се Албанец за работа во јавна администрација – секој ќе има административен профил

Анита Петровска Рајковиќ