Јавната администрација нема повеќе да биде партиски плен, ќе биде професионална, ефикасна и ќе работи за граѓаните, порача Мицкоски

Од:

Нашиот пат кон Европската Унија е повеќе од хармонизација на закони – тоа е создавање институции кои работат по европски стандарди, порача премиерот Христијан Мицкоски на почетокот од денешниот настан, генерички обуки за административни службеници – „Инвестицијата во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор“, што се одржува во Скопје.

-Денес сме собрани со исклучително важна цел – да потврдиме дека реформите не се само зборови во програма, туку дела што се гледаат и чувствуваат. Нема модерна држава без модерна администрација. Нема напредна економија без функционален јавен сектор. Нема доверба во институциите без професионални, одговорни и мотивирани службеници. Кога велиме „инвестиција во административните службеници е инвестиција во иднината на јавниот сектор“, тоа не е само слоган, тоа е нашата визија и обврска пред граѓаните, рече Мицкоски пред присутните.

Јавната администрација, нагласи премиерот, е темелот на државата.

– Таа сте вие – луѓето кои секојдневно го носат товарот на институциите. Вашата работа е лицето на државата, вашиот став е впечатокот кој граѓаните го добиваат за институциите, додаде премиерот.

Како што рече тој, овој прв циклус на генерички обуки, со 600 учесници од локално и централно ниво, е јасен сигнал дека оваа Влада не се плаши од промени, туку ги носи.

-Обезбедивме врвни меѓународни обучувачи, современи програми и методологии кои не само што го пренесуваат знаењето, туку ја менуваат и културата на работење, рече Мицкоски.

Неодамна, додаде тој, јавната администрација беше „сведена на политички плен“.

-Наместо развој – партизација. Наместо мотивација – страв и реваншизам. Наместо обука – клиентелизам. Претходната влада ја остави администрацијата демотивирана, со нарушена доверба, со луѓе кои се чувствуваа оставени на цедило. Чекавме со години за нормални системи за обука, а резултатите беа стагнација и загубени генерации на службеници кои немаа пристап до современи знаења, посчи Мицкоски.

Кажа дека тоа време завршило.

– Денес јавно кажуваме: јавната администрација нема повеќе да биде партиски плен. Ќе биде професионална, ефикасна и ќе работи за граѓаните, додаде премиерот.

Нагласи дека Естонија ни покажала дека малите земји можат да бидат големи по иновации. Словенија покажала дека администрацијата може да биде мотор на реформите.

– Тоа се приказни кои почнале како што ние почнуваме денес – со луѓе кои решиле да се обучуваат, да се менуваат и да ја менуваат својата земја. Нашиот пат кон Европската Унија е повеќе од хармонизација на закони – тоа е создавање институции кои работат по европски стандарди. Овие обуки се доказ дека не чекаме да ни биде кажано што да правиме. Ние сме генерацијата што ја презема иницијативата и сака да ја донесе Европа дома преку современ јавен сектор, рече премиерот.

Мицкоски упати и апел до министрите и градоначалниците.

– Ве повикувам сите министри, директори и градоначалници: продолжете да ги поддржувате ваквите програми. Осигурете се дека секој вработен во вашите институции ќе има пристап до обука, менторство и можност за професионален развој. Ова не е трошок, ова е најпрофитабилната инвестиција за државата, потенцираше премиерот Мицкоски.

Тој нагласи дека ова е само почеток.

-Верувам дека секој од вас ќе биде амбасадор на промената во својата институција. Ќе ја понесете оваа енергија и ќе ја претворите во резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат, истакна Мицкоски.

Рече дека времето на нашата држава е сега.

-Ние сме генерацијата која мора да ја извлече државата од мракот на партизацијата и да ја однесе во светлината на европската иднина. Ве повикувам – учете, прашувајте, дискутирајте. Бидете храбри да воведувате нови практики. Бидете тие кои ќе ја остават администрацијата поефикасна, почесна и посилна од кога било. Заедно ќе создадеме јавен сектор кој нема да биде само апарат на државата, туку двигател на развојот, партнер на граѓаните и гарант на европската иднина на татковината, подвлече премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски