Јавниот повик за асистенти за деца со посебни образовни потреби во Аеродром завршува в петок

Од:

Јавниот повик за избор на асистенти за деца со посебни потреби што го распиша Општина Аеродром истекува в петок, 15 јануари, до 15 часот. На повикот може да се пријават сите невработени лица и студенти што се заинтересирани да се вклучат за поддршка на процесот на инклузија на децата со посебни образовни потреби, ученици од прво до трето одделение во основните училишта на подрачјето на оваа скопска општина.

Проектот опфаќа работно ангажирање на лица со скратено работно време за период од пет месеци, со скратено работно време од дваесет работни часа неделно. Месечниот паричен надомест изнесува 15.000 денари бруто износ, со вклучени персонален данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Кандидатите што ќе се пријават на јавниот повик треба да ги исполнуваат следниве услови: 1. Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник со завршено образование VII/1 степен т. е. VI А според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1 степен т. е. VI А според МРК или 240 ЕКТС), односно наставник во предметна настава (VII/1 степен т. е. VI А според МРК или 240 ЕКТС); 2. Студенти од завршната година на педагошки и наставнички факултети (специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, наставник во одделенска настава и наставник во предметна настава).

Заинтересираните кандидати треба да достават Пријава со прилог доказ за завршено образование (фотокопија) или потврда од соодветниот факултет на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ бр. 109 Б, 1000 Скопје, до Сектор за образование, спорт, култура и заштита.

Општината информира дека доколку на огласот не се пријави лице со образование наведено во точка 1 и 2, образовен асистент може да биде и лице со завршено најмалку четврто ниво на квалификации според македонската рамка на квалификации (МРК).

Избраните кандидати треба да достават доказ од Основен суд 1 – Скопје дека не им е изречена со правосилна судска пресуда казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.

Би можело да ве интересира

„На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста“, се вели во реакција на Општина Аеродром

Aеродромот Шарлроа во Брисел е најлошиот аеродром во светот

Горан Наумовски

Девојка од Петровец била истепана во Аеродром

Заслугата за новото училиште и новата градинка е на Градоначалникот Муцунски и пратениците од ВМРО ДПМНЕ реагираат од Општина Аеродром

Левица: Муцунски ги извиси спортските клубови во Општина Аеродром

Општина Аеродром: Коалицијата СДСМ и Арсовска продолжува да шири лаги и дезинформации