Јавниот обвинител бара објаснување од тетовската обвинителка за случајот во Синичане

Од:

Поради различните информации во медиумите и на социјалните мрежи за учеството на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово Лејла Кадриу на место на кое се изведувале работи на водовод во тетовско и повеќе нејаснотии во постапувањето на јавниот обвинител, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска писмено побара од Вишото јавно обвинителство Гостивар да изврши увид во предметот, врз основа на член 27 став 5 и член 28 став 1 од Законот за јавно обвинителство.

МВР денеска соопшти дека полицијата по добиени сознанија околу активностите за изградба на водоснабителен систем во тетовското село Синичане, излегла на терен, при што се прибавени податоци и информации и до Основното јавно обвинителство Тетово е поднесено известување за сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Портпаролот во МВР Тони Ангеловски изјави дека присуството на полициски службеници на местото каде што се почнати работни активности за изградба на водоснабдителниот систем е во функција на обезбедување на јавниот ред и мир.

„По извршениот увид, Вишото јавно обвинителство Гостивар треба веднаш да достави информација за кое кривично дело и спрема кои сторители во конкретниот случај се води предистражна или истражна постапка, врз основа на кои основи на сомневање е поведена постапката и какви сознанија и докази му се презентирани на јавниот обвинител за отворање на предметот, како е доделен предметот во работа на обвинителот, кога и какви дејствија тој презел и какви наредби издал. Вишите јавни обвинители треба да проверат и дали, согласно законот и согласно Задолжителното упатство, за конкретните дејствија требало увид на лице место и особено дали е изготвен записник за увид, дали обвинителот го презел раководењето со постапката согласно член 41 од Законот за кривична постапка и дали за тоа ја известил полицијата, дали некои од дејствијата се преземени спротивно на функцијата јавен обвинител, како и други релевантни околности во конкретниот настан,“ велат од Обвинителството.

По приемот и анализата на добиената информација, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ќе донесе соодветна одлука, се додава во соопштението.

За случајот во Синичане попладнево се огласи претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, кој обвини дека зад нелегалната изградба на селскиот водовод стоји „бизнис-заедницата на ДУИ“.

Би можело да ве интересира

Осум дена притвор за битолскиот хирург фатен со мито

Катерина Ѓуровски

Маж од радовишко силувал 12-годишно девојче

Планирале терористички напади, регрутирале за ИСИС – уапсени четворица

Косовец сакал да прошверцува 48 илјади пара чорапи преку Блаце

72-годишен битолчанец се обидел да ограби канцеларија за брзи кредити: Со хебла ја удирал вработената

Катерина Ѓуровски

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски