Обвинителството бара привор за кумановецот кој му се закануваше на Мицкоски

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези, осомничен за кривично дело „Загрозување на сигурноста“ од член 144 став 5 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, осомничениот преку пораки на социјалните мрежи го навредувал и му се заканувал на претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

Поради околностите на извршување на делото, ризикот од бегство, како и податоците дека осомничениот претходно бил извршител на други кривични дела од областа на насилниот криминал, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

Од обвинителството посочуваат дека осомничениот е поврзан со случаи на насилство и лихварство, како и со поголем број прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир.

„Согласно обезбедените докази во однос на претходното поведение на осомничениот, станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители“, се наведува во соопштението.

Обвинителството оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар