Јавна расправа за изградба на регионална депонија во Вардарски регион

Од:

Во општина Велес се одржа јавна расправа за изградба на регионална депонија во Вардарски регион, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Секторот за животна средина.

Орце Николов од службата за информирање на општина Велес информира дека на јавната расправа била претставена студијата за оцена на влијанието врз животната средина за интегриран систем за управување со цврст отпад во Вардарскиот регион, која била подготвена во рамки на проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад“.

– Целта на јавната расправа беше да се отвори конструктивна дискусија за влијанијата на интегрираниот систем за управување со отпад врз животната средина. Граѓаните имаа можност да поставуваат прашања и да добијат стручни одговори од страна на експертите, а исто така и да дознаат повеќе за предностите кои ги носи воспоставувањето на ваков вид системи за управување со отпад, рече Николов.

Тој појасни дека со проектот кој, како што рече, се спроведува во четири плански региони, се очекува да се постигне интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагонискиот, Југозападниот, Вардарскиот и Скопскиот регион и да се подобри животниот стандард на приближно еден милион и 200 илјади жители кои годишно произведуваат 330 илјади тони отпад.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Пронајдено тело на српски државјанин во Вардар кај Демир Капија

Горан Наумовски

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Извадено e женско тело од водите на Вардар

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес