Јавна расправа за изградба на пречистителна станица во Кочани

Од:

Здружението на пензионери од Кочани се вклучи во јавната расправа за изградба на пречистителна станица за отпадни води, која како проект ја реализира општина Кочани.

Проектот е почнат од страна на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани и општина Кочани, со финансиска подршка од Швајцарската влада и Министерството за животна средина и просторно планирање.

– Јавната расправа има за цел да ги информира граѓаните на Кочани, а меѓу нив и членовите на Здружението на пензионери за оправданоста од изградбата на еден ваков објект за заштита на животната средина и значењето за идните генерации на општината и пошироко на регионот, изјави Ѓорѓи Серафимов, претседател на Здружението на пензионери од Кочани.

Проектот има неколку компоненти коишто се однесуваат на проширувањето на канализациониот систем на Кочани, а е вклучена и изградба на главен колектор кој ќе ги собира отпадните води од Кочани и населените места Оризари, Горни и Долни Подлог и Мојанци.
Пензионерите изразија задоволство од изградбата на пречистителната станица и колекторскиот систем.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза