А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Јавна расправа во Собранието за Предлог законот за основното образование

by А1он26/07/2019 - 08:21497
Share0

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска на седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт ќе се одржи јавна расправа за Предлог законот за основното образование.

Добивај вести на вибер

Министерот за образование и наука Арбер Адеми при презентацијата на законот за основно образование на прес отако беше усвоен од Владата, нагласи дека законот се фокусира на подобрување на квалитетот на наставата и воопшто на воспитно-образовниот процес, и дава повеќе можности на учениците со фокус на тие што се со посебни образовни потреби. Новини во законот има и за организирањето на учениците во Заедница на паралелка и Ученички парламент, исхраната на учениците, воведувањето стручни наставници за предметот спорт, елиминација на политичко влијание во училишните одбори, намалување на бројот на ученици во паралелки (од 20 до 30), кариерен развој на наставниците…

Согласно со препораките на ОЕЦД и УНИЦЕФ, ќе нема намалување на бројот на часовите бидејќи ученици имаат 900 часови помалку или една и пол година помалку образование од нивните врсници во европските земји.

Меѓу најзначајните новини е инклузијата на учениците со посебни потреби во редовното образование. Законот предвидува нивно целосно вклучување од учебната 2022-2023 година кога посебните училишта повеќе нема да запишуваат ученици и тие установи ќе прераснат во основни училишта со ресурсни центри кои ќе помагаат за спроведување целосна инклузија во редовните училишта.

Учениците со најтежок вид попреченост ќе може дел од наставата да ја продолжат во посебните училишта со ресурсен центар по нивна или желба на нивните родители, согласно со препораките на Меѓународната класификација на функционирање (МКФ) на Светската здравствена организација. На реакциите во врска со оваа мерка, Адеми одговори дека треба да му се даде шанса на секое дете и дека согласно со проценката за попреченост според МКФ, за овие деца ќе се подготви индивидуален образовен план според можностите на детето.

Министерот појасни дека во проценката ќе се вклучат претставници од здравство и од МТСП. Инклузивните тимови ќе бидат составени од лични асистенти (помош на детето за лична хигиена, поддршка за движење итн) и образовни асистенти. Планирано е асистентите од 2022 да бидат вработен наставен кадар во училиштата. Засега 300 лични и образовни асистенти се ангажирани во редовните училишта.

Стручни тела (психолог, специјален едукатор, психијатар и педијатар) ќе проценуваат според МКФ за дополнителна поддршка на детето и колку часа дневно или неделно му се потребни. Засега во земјава работат три пилот-стручни тела за проценка, а во план е да има осум.

Заедно со овој Предлог закон на истата владина седница помина и Предлог законот за наставници и стручни соработници во основно и средно образование. Во однос на новините за наставниците, тие ќе се мотивираат со кариерен развој. Адеми нагласи дека не се ориентирани кон казнување, туку кон мотивирање на наставниците и затоа е укинато екстерното тестирање и рангирањето на училиштата. И двата закона денеска се на дневен ред и на пленарна седница во прво читање.

monsobranie

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:20

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Катерина Ѓуровски13/02/2026 - 16:40

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски11/02/2026 - 18:3511/02/2026 - 19:01

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Горан Наумовски23/01/2026 - 14:01

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен