Јавна расправа: Како до деполитизирана јавна администрација

Од:

Како да се дојде до професионална и ефикасна администрација ослободена од политички и какви било други влијанија во интерес на развојот на земјата, обезбедување подобри сервис услуги за граѓаните, но и приближување до Европската унија, беа темите на кои денеска расправаа учесниците на јавната расправа на тема „Итни реформски приоритети за Република Македонија-Деполитизација на јавната администрација“ организирана од собраниската Комисија за европски прашања.

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Томовска Арсовска смета дека економскиот раст и развој и демократските процеси во една земја, меѓудругото, зависат и од квалитетот на нејзината јавна администрација.

Затоа, смета таа, реформите во овој сектор се од исклучителна важност. Додаде дека во насока на реализација на реформските цели се преземени голем број активности.  Притоа посочи на донесување на два системски закона, усогласување со повеќе други, објавување каталог на работни места, воспоставување систем на надоместоци и плати, објавен е број на вработени. Се води, рече, евиденција на вработените во јавниот сектор, се воведува планирано бработување една година однапред, воспоставено е 360-степено мерење на квалитетот на работа на вработените, обезбедени се електронски услуги.

– Од исклучителна важност е реформата и променетиот начин на избор на кандидати за вработување и унапредување во јавната администрација, воведените бројни новини во смисла на повеќе фази на селекција, тестови за проценка на знаење… кои имаат за цел да воспостават 100-проценетен мерит систем кој ќе биде имун на роднински пријателски партиски и друг вид на влијанија, рече Томовска Арсовска. 

Реформите кои се спроведени, посочи таа, не се само козметички туку суштински и длабински .

– Оставнува да поминат неколку години системот да заживее и да се видат првите резултати од реформите. Дотогаш сите треба да останеме посветени на целосна имплементација на законските решенија нешто на што инсистираат и нашите европски парнери. Всушност и првата и најважната препорака во извештајот на Прибе за јавната администрација, а врз основа на која беа изготвени итните реформски приоритети беше токму ригорозаната имплементација на зконите, рече министерката Томовска Арсовска.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими е со истиот став дека препораките од ЕК предвидуваат целосна имплементација на законските решенија кои предвидуваат професионализација, како и правична застапеност врз основа на квалитет и унапредување врз основа на перформансот на административците во нивната работа. 

– Останува предизвикот за нас во овој период да докажеме за соодветните реформи во контекст на професионалноста во јавната администрација и нејзиното одржување надвор од политичките и партиските влијанија. Ова е дел кој ќе се разгледува повторно и ќе се адресира на наредниот Совет на ЕУ, рече Бесими.

Претседатеката на Националниот совет за евроинтеграции и пратеник од СДСМ Лидија Димова смета дека јавната администрација се уште не е на потребното ниво и оти е исполитизирана.
– Јавната администрација е многу болна. Дајте да ја излечиме, а тоа ќе го направиме само ако сме искрени и ако искрено видиме каква ни е состојбата за да сфатиме што треба да направиме, рече Димова.

Додаде дека доказ за тоа, како што рече, се извештаите на европските тела за состојбата во јавната администрација во Македонија. 

Мерките кои се спроведуваат, смета Димова, се унилателарно донесени без консултација со опозиција, граѓански сектор и граѓаните.

Значењето на јавната администрација за една земја, граѓаните и бизнис климата, се согласува и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова е од исклучителна важност.
– Од тоа какви услуги ќе има од јаванта администрација ќе зависи економскиот развој, но и интеграцијата на нашата држава во европската унија. Особено важно е стручното усовршување, обуките, како и системот на награди како стимул за подобра работа на админстрацијата, истакна пратеничката Рангелова. 

Таа и забележа на Димова за необјективност и двојни аршини. – Иако десет години СДСМ критикува дека треба да има професионализација во јавните институции најмалку што очекував е кога ќе дојде на власт незаслужено, како таа ќе ја практицира на власта. Она што можевме да го видиме е еден еклатантен пример за политичко унапредување, рече Рангелова.
Побара јавните расправи да не се користат за меѓусебни политички препукувања, туку да се најде модул за европеизацијата на јавната администрација.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза