Перспективите и можностите за искористувње на ИПА 2 е тема на денешната јавна расправа организирана од собраниската Комисија за европски прашања.
Расправата, како што е најавено ќе ја отвори претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.
Во Собранието денеска јавна расправа ќе се одржи и на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Тема на јавната расправа е „Работната верзија на Предлогот на закон за општа управна постапка“.
Седница ќе одржи и Комисијата за труд и социјална политика која ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита и Предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата во Република Македонија и двата во второ читање.