Јашари се закани со оставка ако ДУИ поддржи државен грб со лав

Од:

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, не успеа го убеди партискиот врв, вклучувајќи и некои од неговите министри и пратеници дека предлогот за менување на државниот грб со лав е најдоброто решение.

Министерот за правда Аднан Јашари дури и се заканил дека ќе поднесе оставка на функцијата, ако ДУИ го поддржи предлогот за новиот државен грб.

Но ДУИ, за Алсат, официјално излезе со овој став за синоќешната средба на раководството на партијата:

„Централно претседателство во проширен состав, со учество на пратениците и министрите дебатираа за иницијативата за промена на грот и се зазеде став дека е потребно да се смени досегашниот грб за да се елиминира комунистичкото минато и влијанието на Советските државни симболи, кое ќе се одрази на нашата западна ориентација во согласност со нашите стратешки евро-атланските интеграции. Истакната е потребата од пошироки општествени консултации со вклучување на експерти“.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата