„Јас сум битолчанец, јас не се продавам“ – нова кампања на „Сојузот за иднината“ – Битола

Од:

Вчера „Сојузот за иднината“ – Битола ја промовира претходно најавената „Бела книга“, во која им ги презентираат на јавноста сите нерегуларности и прекршувања на изборните правила, како за време на изборната кампањата така и на изборниот ден. Тие најавија серијал од пресови за обелоденување на сите црни сценарија што се случиле на 24 март.

Од СДСМ – Битола велат дека сè повеќе граѓани им кажуваат за бројните неправилности, за силниот притисок што е вршен врз нив и нивните комшии и пријатели, и за поткупот. Најмногу зборуваат од руралните средини, велат, од каде што, како што тврдат, доаѓаат директори и локални „шерифи“, кои никогаш претходно не дошле во нивните средини и одат од куќа во куќа давајќи им на луѓето од 500 до 1500 денари.

„Премногу сиромашен народ сме, нè купуваат за многу малку пари, за 1500 денари и толку ,а директорите и локалните шерифи повеќе можеби никогаш нема да ги видиме“.

Во некои посиромашни села велат дека веќе немаат никакво достоинство:

„Денес има луѓе кои едвај преживуваат,па многу е лесно да ги поткупат, ама да се продадеш за масло и брашно навистина е газење по нивнат чест“.

Поради сите овие притисоци и нерегуларности, како што изјавија од СДСМ, од денес почнуваат кампања под мотото: „Јас сум битолчнец, јас не се продавам“, со цел, како што велат, да ги охрабрат битолчани да не подлегнуваат на притисоците и да им укажат дека на денот на изборите тие сами одлучуваат за својата иднина, а зад параванот никој не може да ги види за кого гласаат.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија