Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

Од:

Стевчо Јакимовски знае дека следи ревизија на неговата криминална работа и дека ќе излезат на виделина сите криминали кои ги правел, затоа плаче, наместо да честита.

Стевчо Јакимовски е причината зошто Карпош e бетонска џунгла, во која интересот на граѓаните беше на последно место.

Стевчо Јакимовски по поразот кој го доживеа во Карпош, се уште не може да се помири дека дојде крајот на неговото изживување врз карпошани.

Јакимовски тоне во своите солзи, говори за некакви изборни нерегуларности во кои само тој верува. Јакимовски е свесен за неговите злоупотреби кои ги има направено во Карпош и во страв дека сите работи ќе излезат на виделина, Стевчо плаче.

Алиби мајсторот Стевчо, се плаши од ревизија во општината и затоа му порачуваме овие неколку дена што му останаа да не потпишува никакви документи, бидејќи добивме информации дека презема очајнички слугувања кон мафијашите што ги штити.

Храбриот Стевчо треба да знае две работи, а тоа е дека народот во Карпош го порази и дека ќе има ревизија на неговото работење.

Карпош се ослободи од Стевчо и неговите другарчиња од градежната мафија. Сотир Лукровски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја препородат општина Карпош, рече на прес коференција Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

Агресивен карцином кај 10 годишната Ева – МОРА да реагираме веднаш!

Предраг Петровиќ