Јаревски: ДКСК да спроведе транспарентна постапка, кај Рамчиловиќ има судир на интереси и тргување со влијание

Од:

„ДКСК да спроведе транспарентна постапка, кај Рамчиловиќ има судир на интереси и тргување со влијание. Откако Рамчиловиќ стана пратеник на СДСМ и гласаше за промена на името и за бугаризација во собранието работа во МВР добија неговата сопруга и неговиот син“, рече Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Симптоматично е како во рок од три години откако Рамчиловиќ стана дел од блокот на СДСМ кој ги поддржува анационалните политики во собранието, два члена од неговото семејство добиваат работа во МВР.

Ја повикуваме ДКСК не само да отвори постапка, туку истата да биде целосно транспарентна за јавноста да може да има увид. Особено што Рамчиловиќ и двете вработувања ги добил откако ја сменил политичка страна.

Очигледна е нишката на пазарење и мора да се утврди дали влијанието на Рамчиловиќ одлучувало за приемот на неговата сопруга на работа во МВР, но и потоа дали тој како пратеник повторно, но сега и неговата сопруга како висок функционер во МВР влијаеле за вработување на неговиот син како полицаец.

Дополнително ги повикуваме ДКСК истрагата да биде навремена, без да се чека случајот да се заборави од јавноста“, изјави Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски