Јаревски: ДКСК да отвори случај по допрен глас, како Зекир Рамчиловиќ од СДСМ си ги вработи сопругата и синот во МВР

Од:

„ДКСК да отвори случај по допрен глас, како Зекир Рамчиловиќ од СДСМ си ги вработи сопругата и синот во МВР. Откако стана пратеник од СДСМ, Зекир Рамчиловиќ првин си ја вработи сопругата на висока позиција во МВР, а сега и синот го вработи како полицаец. Во рок од нецели три години, двајца членови на семејството Рамчиловиќ се вработени во МВР, и сето тоа откако истиот е пратеник од СДСМ“, рече Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вработувањата на сопругата и синот на Рамчиловиќ се поклопуваат и со периодите во кои тој гласаше за сите национални предавства. Па се поставува прашањето, дали гласот на Рамчиловиќ за промена на името и за бугаризацијата за која гласаше неодамна се причината за кариерите на неговата сопруга и син?

Штетата за Македонија очигледно е лична корист за Рамчиловиќ.

Ја повикуваме ДКСК, веднаш по допрен глас да отвори случај за двете вработувања на сопругата и синот на Рамчиловиќ во МВР, за кои постои основано сомнение дека се резултат на сериозно вмешување на политиката во институцијата, односно преку притисок на СДСМ и лично Оливер Спасовски.

Спасовски треба да каже по кои критериуми се вработени двајцата членови на семејството Рамчиловиќ во МВР.

Зекир Рамчиловиќ истовремено да не ја злоупотребува етничката припадност како бошњак, како услов за вработување, зошто на бошњаците, но и на сите граѓани на Македонија чии деца секојдневно ја напуштаат државата и одат на работа во странство им е преку глава од таквите како Рамчиловиќ, кои на грбот на политиката и со злоупотреба на етничката припадност иселија стотина илјади Македонци, Албанци, Бошњаци, Срби, Роми, Турци во изминативе скоро 6 години.

Очекуваме одговори, истрага и одговорност. ДКСК да не чека на совеста на Рамчиловиќ или Спасовски бидејќи истата ја немаат“, изјави Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски