А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Јапонските експерти за начините за подобра заштита на Охридското Езеро од отпадните води

by А1он01/07/2013 - 13:4801/07/2013 - 13:49114
Share0

Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање и Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро утре во Охрид ќе се одржи најавениот семинар за „Студијата за прибирање на податоци за подобрување на животната средина на Охридското Езеро и техники за рехабилитација на канализацијата“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Семинарот е предвидено да биде заокружување на спроведената судија на Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЏАЈКА), насочена кон идентификација на проблемите поврзани со колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро и неговата околина, како и да се обезбедување насоки за одредување каков тип решение би било најкорисно за санација на канализациските системи од охридското сливно подрачје.

Охридското Езеро од 1980 година го носи статусот Светско наследство на УНЕСКО.
Колекторскиот систем за негова заштита е веќе застарен, со нефункционални сегменти, а самите пумпи на системот и станицата за третман на отпадните води веќе немаат капацитет да го примат целокупниот отпад.

На средбата на премиерот Никола Груевски со претседателот на „ЏАЈКА“ одржана во 2011 година беше договорено јапонската институција да испрати мисија што ќе спроведе истражување и ќе прибра податоци од терен.

Следете a1on на Youtube YouTube

Токму спроведените испитувања ќе бидат презентирани и дискутирани на најавениот семинар, за кој свои објаснувања и предлози за подобрувања ќе бидат посочени од студискиот тим на „ЏАЈКА“, како и од локалните субјекти.

Инаку, експертите од „ЏАЈКА“ предлагаат подобрувања на системот преку неколку препораки, и тоа испитување на неидентификуваната вода во канализациската мрежа, изготвување канализациска база на податоци, како и поправка и рехабилитација на оштетените канализациски цевки.

Во текот на семинарот ќе бидат претставени понатамошните активности за подобрување на животната средина на Охридското Езеро, за да канализацискиот систем на овој регион значително се подобри до 2020 година, Агенцијата „ЏАЈКА“ (ЈИЦА) е тело формирано и финнсирано од Владата на Јапонија, одговорно за имплементирање на билатерална помош преку техничка соработка, „ОДА“ (меки) заеми и грантова помош.

Поддршката на „ЏАЈКА“ на Македонија е воглавно насочена кон заштита на животната средина и развојот на приватниот сектор.

ohrid

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ15/08/2026 - 10:4415/08/2026 - 10:46

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Катерина Ѓуровски11/08/2026 - 12:56

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он02/08/2026 - 14:56

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски24/07/2026 - 12:1224/07/2026 - 12:12

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Горан Наумовски24/07/2026 - 10:55

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Предраг Петровиќ20/07/2026 - 09:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео