Јапонски експерти ќе работат на заштита на Охридското Езеро

Од:

Јапонски експерти ќе работат на физибилити студијата за рехабилитација и довршување на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.

Експертите треба да пристигнат денеска, а на проектот ќе работат  со претставници од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат информира дека ќе работат согласно планот.

– До декември годинава треба да се изработи нацрт – верзијата на физибилити студијата, а во март идната година се очекува да биде готова и финалната верзија, изјави Пановски.

По изработката на физибилити студијата за рехабилитација, ќе се бараат донатори за рехабилитација и довршување на колекторскиот систем на Охридското Езеро од македонска страна

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица