Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на повисоки плати, редовна исплата на субвенциите и развој на земјоделието

Од:

Носителот од ВМРО-ДПМНЕ во Изборна единица 3, Игор Јанушев денеска беше во посета на општина Чешиново-Облешево од каде истакна дека 15 јули е денот кога СДСМ и Зоран Заев ќе ги прати во политичка пензија.

– Она што ние ви го нудиме во оваа изборна програма се реални проекти, кои во предвидените рокови можат и мора да се реализираат и од тоа не смее да има отстапки. Ќе работиме за повисоки плати за 25 проценти или за 6.500 денари повеќе за сите, ќе ги зголемиме пензиите за 20 отсто или повеќе од 3 000 денари повеќе за секој пензионер, ќе ја намалиме невработеноста под 10 проценти, но предвидуваме и многу други работи како поголеми плати за сите професори, наставници, за целиот кадар во образованието, потенцираше Јанушев.

Тој додаде дека тоа што е важно за Чешиново – Облешево, е дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на редовна исплата на субвенциите и на олеснет пристап до ИПАРД фондовите.

– Се обврзуваме на поддршка на инвестиции за воведување на систем „капка по капка“ и други системи за ефикасно и економично користење на водата, за овчарството ќе биде зголемена поддршката на основната мерка за 50 проценти, односно од сегашните 1 000 денари по грло ќе се исплаќа по 1 500 денари по грло. Ќе бидат поддржувани проекти за набавка на механизација и опрема за примарно земјоделско производство, како и подигнување на нови и реконструкција на постоечки повеќегодишни насади, но и набавка на добиток од основно стадо, изјави Јанушев.

ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Јанушев, ќе поддржи инвестиции за изградба на објекти и набавка на опрема за калибрирање и пакување на производите, мали винарски визби, мини млекарници и мандри и мини погони за преработка на месо.

– Затоа е важно на овие избори да се гласа, само гласот значи желба за промени кон подобро. Затоа од овде, од Чешиново – Облешево да им порачаме дека им се бројат деновите. 15 јули е за помалку од 20 дена од сега, нагласи Јанушев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски