Јанушев: Вирусот на лаги и корупција има име и презиме и се вика Зоран Заев

Од:

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 3 на последниот ден од кампања вечерва беше на завршниот собир со граѓаните во Штип. Јанушев на присутните им порача дека доаѓаат најдобрите четири години за Македонија и рече „на 15 јули заокружете за број 14 за 14 пратеници во ИЕ 3“.

„Пред нас го имаме вирусот на криминал и корупција, лаги и манипулации и тој вирус има име и презиме Зоран Заев. Секое негово појавување е нова лага. Мојот противкандидат Љупчо Николовски не излезе заедно да се соочиме, да дебатираме, не излезе затоа што нема што да каже, губитник е“, рече Јанушев.

Тој рече дека оваа власт можела многу повеќе за народот, но го заборавила народот.

„Велат дека можат, можеа да не крадат, да не лажат, да не ги земаат оние милионски суми на пари кои ги ставаа во Луј Вутон торби, можеа да ги вратат кај граѓаните. Можеа да не го тероризаат својот народ и неситомислениците. Можеа да направат нешто за вас, може да го остават судството и да не биде трас-трас, ама ништо не направија. Токму затоа можеа е минато свершено време“, кажа Јанушев.

Тој се осврна и на програмата Проект-Обнова.

„Тоа е програма со проекти и мерки кои велат повеќе 25 проценти плати, повеќе 20 проценти пензии, гасификација до секој дом, 4 милијарди евра инвестиции, многу инвестиции во здравство, образование, здравство и култура. За секое решение се обврзуваме да го реализираме“, рече Јанушев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ