„Одлуката за новата В.Д Влада нема да биде поврзана со желбите мотивите и барања на било кое партиско раководство. Одлуката била мотивирана за тоа дали и како ќе сме опстанеле како држава. Стани Таче, стани да те види цела сала и кажи дека одлуката за нова Влада е само од личните желби за останување на власт за да продолжите со крадење нема никаков друг мотив и да завршиме со циркусот Единствените кочничари кон ЕУ интегративните процеси сте вие и никој друг. Затоа памет во глава и престанете со празното дробење слама за ЕУ бидејќи Европската Унија е вредности и мерит систем а не ова што вие го правите“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на денешната собраниска седница.
Јанушев додаде дека Европската Унија не е политика не желби, туку Европската Унија е политика на вредности и политика на мерит систем.
„Покрај евроскепцитизмот кој го создавате кај граѓаните во Република Македонија кој патем е најголем во историјата на Македонија граѓаните сакаат да го продолжат патот кон Европската Унија но не со вас бидејќи граѓаните знаат дека тоа е невозможна мисија и затоа сакаат вистински промени Потребно е еднаш и засекогаш да разберете дека во политиката не се влегува за да ве сакаат туку за да ве почитуваат, за жал тоа го нема власта. Работењето за народот и државата значат многу работи, посета на многу места, познавање со проблемите на многу луѓе а некогаш има победи а некогаш падови и тоа е нормално“, кажа Јанушев.
Јанушев потенцираше дека колегите од власта паѓаат и крајот им е блиску а тогаш дел ќе останат запаметени како најнсепсообните, дел како соработницита, а најголем дел заборавени. Еден добар дел ќе завршите по затворите за криминалите и предавството кое го правите.