(ВИДЕО) Јанушев: Пресудите се нарачани, казните драконски

Од:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку генералниот секретар Игор Јанушев, реагираше дека казните за крвавиот четврток се драконски, а пресудите биле претходно нарачани и напишани без да се земат предвид доказите.

„Погребувањето на правото се вика 211 години затвор. Се потврди дека казните се драоонски зашто се суди од политички мотиви. Пресудите и прогонот нема да му помогнат на Заев“, рече генералниот скеретар на партијата на денешната прес-конференција.

Тој потенцира дека директорот на БЈБ, Митко Чавков, кој на 27 април 2017 преземал мерки за ситуацијата да не ескалира е осуден, а како што рече, за МВР од каде не било преземено ништо нема постапка.

Јанушев не ја искоментира ослободителната пресуда за Дурловски, како и посебно за останатите осудени лица освен за Чавков, за кој рече дека е добар пример и доказ оти власта прави политички прогон.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела