Јанкулоска спроведeна во затворот Идризово, нема да има контакт со сите затвореници

Од:

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска од нејзиниот дом е спроведена во затворот Идризиво, потврдуваат за „А1он“ од МВР.

Таа таму ќе треба да ја одлежи четиригодишната затворска казна која судот и ја изрече во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес.

„Лицето Г.Ј. е спроведено во затворот Идризово“, велат кратко од МВР.

Од Кривичниот суд велат дека сите рокови за издржување на затворската казна на Јанкулоска биле истечени и денеска предметот од Врховниот суд бил вратен во Основниот.

„Предметот од Врховниот суд на РСМ е вратен во Основниот кривичен суд Скопје. Предметот е распределен кај судија за извршување санкции кој издал наредба за спровод на осудената во КПУ Идризово, со оглед дека на истата од претходно и е издаден упатен акт кој досега бил во мирување“, велат од судот.

Директорот на затворот, Александар Донев, за „А1он“ објаснува дека според степенот на ризик, ќе се утврди во кој дел на затворот ќе биде сместена Јанкуловска.

Додека не се направи проценката, таа ќе биде сместена во приемното одделение. Во однос на безбедноста, тој вели дека не очекуваат да има проблеми.

„Жените се одвоени во другиот дел на Идризово, во женското одделение. Тој дел е поделен на затворен, полуотворен и отворен дел. Така што, не очекуваме да имаме проблеми. Нема гужви во тоа одделение, релаксирано е во однос на осудени лица. Имаме услови за да и се обезбеди безбедноста. Откако стручен тим ќе направи проценка на ризик, ќе ги детектира потребите и ќе даде предлог, осуденото лице ќе биде сместено. Првично, таа нема да има контакт со сите луѓе, туку ќе биде во приемното одделение, можеби сама, можеби со едно, две, три лица. На почеток, другата популација е одвоена“, вели директорот Донев за „А1он“.

Ексминистерката Јанкулоска беше осудена на шест години затвор, а пак, Апелациониот суд и ја намали казната на четири години. На ексминистерката ѝ се судеше во раздвоена постапка во предметот „Тенк“, бидејќи имаше ризична бременост.

Поранешниот премиер Никола Груевски за овој случај веќе е осуден на две години ефективна затворска казна, а помошникот во министерството Ѓоко Поповски доби намалување од шест и пол на четири и пол години казна затвор на скопска Апелација.

Јанкулоска во завршните зборови на судењето побара ослободителна пресуда со образложение дека немала намера никому да влијае и да врши притисок.

Би можело да ве интересира

Излегол од затвор, ја истепал сопругата, па и запалил дел од облеката

Приведени 17 припадници на затворската полиција вработени во К.П.Д. „Идризово“

Горан Наумовски

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Уапсен е бегалец од „Идризово“ осуден на 15 години затвор

Горан Наумовски

Затвореник од „Идризово“ сакал да избега во Албанија, уапсен е близу државната граница

Горан Наумовски

Осуденик се обидел да избега од „Идризово“