А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Јанкуловска: Реализиравме уште едно успешно издание на фестивалот Охридско лето

by А1он20/08/2014 - 14:5720/08/2014 - 14:57109
Share0

Симболични 54 фестивалски настани на 54. издание на фестивалот Охридско лето, со над 25.000 посетители, без ниту едно откажување, е само потврда дека реализиравме уште едно успешно фестивалско издание, оцени денеска директорката на Фестивалот, Елизабета Јанкуловска.

Следете a1on на Instagram Instagram

На завршната прес-конференција Јанкуловска забележа дека покрај македонската публика и туристите ова издание ќе го одбележи посетеноста на меѓународни гости, кои доаѓале исклучиво заради ексклузивноста на уметниците.

Оваа година, потсети дека покриени се сцените на Антички и Долни Сарај, надградена е апликацијата за мобилни телефони, на секоја претстава се делеше ЦД со информации за она што препорачува Охридско лето и промоција на Македонија, Охрид и културното наследство, балетот повторно е вратен на сцените на Фестивалот, продолжи со преноси во живо на некои од настапите,…

– Овде не застануваме, веќе од утре почнуваме со промоција и работа за подготовка на јубилејното 55. Издание. Тоа по значење е многу големо и нас не обврзува да направиме нешто посебно, интересно и убаво. На програмата ќе додадеме и дополнувања, кои му личат на 55. издание, како што е документарниот филм, изложби и претставување фотографии и плакати од изминатите 55 години. Ќе направиме една спомен соба со постојана поставка на највредното во изминатите години со оставен празен простор за да се дополнува во иднината, истакна Јанкуловска.

Следете a1on на Youtube YouTube

Музичкиот дел од програмата на 54. издание на Охридско лето, според селекторот на музичкиот дел Гордана Јосифова – Неделковска беше величествен преку, како што рече, фасцинантниот настап на реномираниот кинески оркестар Шенжен, изведбата на дела од кинескиот композитор, ремек делото на Чајковски, неговата петта симфонија, но и „Недовршената рапсодија“ на нашиот Томислав Зографски.

– Особено сме горди кога успеваме во реализацијата на идејата странски оркестар да изведува дело од македонски автор. Според изјавите на стручната критика и многубројната домашна и странска публика и оваа година реализиравме уште едно квалитетно, врвно, атрактивно фестивалско издание, достојно за паметење, заклучи Јосифова – Неделковска.

Програмата во драмскиот дел, кој селекторот Ѓорѓи Јолевски ја наслови како „Солзи и смеа“ го одбележаа две премиери, „Ждрело“ на Драмскиот театар и „Предавање“ на Албанскиот театар.

Посочувајќи ги сцените, каде се играа претставите Јолевски заклучи дека дека Заливот на коските е совршено место, кое со својата убавина и посебност ја надополнува театарската уметност.

– Заливот на коските го прими големиот режисер Паоло Маџели со претставата „Јас и Његош“. Дефинитивно Заливот на коските еден од просторите, кој мора да се применува при секоја изведба на Охридско лето, но се разбира треба да се пронаоѓаат и нови простори, кои ќе овозможат сосема различен поглед на театарската уметност, рече Јолевски.

За 55-тото Охридско лето вети со претставите ќе излезе колку што можеме повеќе надвор од Центарот за култура „Григор Прличев“. – Ќе ги освојуваме старите сценски простори и ќе освојуваме нови сцени, кои ќе ја радуваат театарската публика, нагласи Јолевски.

ohrid

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски24/07/2026 - 12:1224/07/2026 - 12:12

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Горан Наумовски24/07/2026 - 10:55

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Предраг Петровиќ20/07/2026 - 09:08

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Горан Наумовски19/07/2026 - 10:48

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски15/07/2026 - 20:3615/07/2026 - 20:59

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Катерина Ѓуровски29/06/2026 - 11:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео