Јанкуловска посети нови објекти на МВР во Куманово

Од:

Министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска денес беше во посета на поранашената касарна Бедиње во Куманово, за да види дел од објектите кои што од вчера се во надлежност на Министерството за внатрешни работи. Во објектите кои што зафаќаат површина од околу 6.000 квадратни метри е предвидно преместување на СВР Куманово и полициската станица.

– Од она што можев да го видам, навистина се работи за голем простор кој треба да претрпи интервенции за да се стави во функција. Веќе од утре ќе направиме акционен план за приоритети, но нереално е да се очекува дека се ќе можеме да ставиме во функција. Првичната идеа е да го растеретиме метежот во управните служби. Куманово е голем град, потребите на граѓаните од ден на ден се повеќе се зголемуваат – изјави министерката.

Началникот на СВР Куманово, Моме Јакимовски истакна дека со ова ќе се добие голем простор, реновирани услови во кои нормално ќе се одвиваат работните задачи.

Министерката Јанкуловска рече дека на денешната средба со раководството на кумановската полиција разговарале и за состојбата со сообраќајот во Куманово.

-Куманово е еден од ретките градови каде што хаосот во сообраќајот поради недостатог од простор за паркирање, од ден на ден расте со геометриска прогресија. Улиците наместо да се поправаат и санираат, се неодбележани, претесни за се поголемиот број на возила. Град каде што локалниот сектор, не функционира или барем не функционира во делот што се однесува на обезбедување сообраќајни решенија – изјави таа и додаде дека секојдневно сме сведоци на сообраќајни несреќи со трагични последици и тогаш ниту еден политички поен не е доволно вреден, за да се оправда човечки живот.

jankulovska

Можна екстрадиција на Зоран Божиновски

На прашањето дали постои можност да се екстрадицира новинарот Зоран Божиновски, кој е осомничен во полициската акција „Шпиун“, поради соработка со тајните служби, министерката нагласи дека тоа е одлука на судот.

– По однос на распишување потерници за лицата кои што се во бегство, а се опфатени со кривични пријави во последните две акции „Шпиун“ и „Диригент“, судот ќе одлучи дали ќе распише меѓународни потерници. Доколку се распишат, ние ќе инсистираме лицата да бидат испорачани во Македонија – истакна таа.


Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски