Јанкуловска: МВР не се откажува од истрагата за атентатот на Глигоров

Од:

Седумнаесет години од атентатот врз поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров, Министерството за внатрешни работи сè уште не ги открило извршителите и причините за атентатот.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вели дека не можат да излезат со различни податоци, во однос на она што го кажале досега.

Според неа, требало да се реагира веднаш по атентатот кога не биле преземени професионално сите активности.

„Колку што одминува времето потешко е да се дојде до вистинските податоци. Навистина е штета што во моментот кога се случил атентатот не се одговорило на нивото на задачата, односно не биле максимално професионално преземени сите полициски активности кои е неопходно да бидат преземени за стручно вршење на увид за потоа соодветните служби да можат да ги анализираат податоците и евентуално да излезат со одговор, за тоа што точно се случило и кои се извршителите“ изјави Јанкулоска.

Јанкулоска кажа дека сепак МВР не се откажува од истрагата и дека предметот е сè уште отворен.

„Секоја нова информација или секое ново сознание кое што може да води кон откривање на сторителите со максимално внимание ќе биде анализирано сè со цел да дојдеме до извршителите на атентатот. Инаку во изминатиот период вие сте сведоци дека имаше спектакуларни најави од страна на лица кои во тоа време требало и можеле да направат нешто, но од сите тие работи освен желбата за себепромоција или поголемо влијание во јавноста на овие поединци не излезе ништо конкретно“ додаде Јанкулоска.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа