Јанкулоска: За претставката на ЗНМ Секторот за внатрешна контрола даде исцрпен одговор

Од:

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска немаше што да додаде, како што рече, на заклучокот на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, кој ја оцени за неоснована претставката од Здружението на новинарите на Македонија за прекумерна употреба на сила кон новинарите за време на случувањата во Собранието.

– Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди ги разгледа сите материјали кои беа доставени и тие дадоа еден, според она што јас можев да го видам исцрпен одговор по однос на околностите, причините и последиците.Јас не би имала што да додадам по однос на она што веќе го објави Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, рече Јанкулоска одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Сообраќајната полиција на Град Скопје.

Во однос на најавите на ЗНМ дека ќе се повлече од преговорите со Владата за новиот закон за медиуми, Јанкулоска посочи оти не би можела да коментира, бидејќи таа не раководи со групата за преговори, туку е дел од еден поширок владин тим. Сепак, таа очекува да надвладее разумот.

– За преговори се потребни две страни. Сите недоразбирања ќе најдеме начин да ги надминеме заеднички за да продолжиме во конструктивна атмосфера заради создавање услови за работа кои ќе бидат подобри и за претставниците на медиумите, но и за сите други кои мора да ја вршат својата работа, рече Јанкулоска.

Таа истакна дека исклучително ја цени работата на претставниците на медиумите, бидејќи и тие, подвлече, како и ние во МВР, најчесто се таму каде што може да има и конфликт и ризик.

– Меѓутоа и вие и ние мора да ја работиме својата работа и доколку е можно да си помогнеме едни на други. Како министер за внатрешни работи нема да загрешам ако кажам дека вашата работа е исто толку одговорна бидејќи е јавна. И вие и ние работиме исклучиво во интерес на граѓаните, е порака што ја упати министерката Гордана Јанкулоска.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он