Јанкулоска во суд за случајот „Тврдина“

Од:

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во присуство на адвокати, влезе во Основен суд Скопје 1, каде што пред судија во претходна постапка треба да даде исказ за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Тврдина“.

Јанкулоска е осомничена заедно со уште тројца началници и еден архивар.

СЈО за неа и за уште двајца началници и архиварот побара мерка претпазливост, додека за шефот на Петтата управа, Горан Грујевски побара притвор. Притворот беше утврден за Горан Грујевски, но потоа по жалба укинат и заменет со домашен притвор.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 треба да одлучуи дали ќе им ги одземе патните исправи на четворицата осомничени, меѓу кои е и Јанкулоска.

Би можело да ве интересира

Средба на Мицкоски со Јанкулоска: Неправдата никогаш не нè скршила!

Горан Наумовски

За Мијалков призна дека е привилегиран, за замолчувањето на Боки 13 ги компромитира Маричиќ и Тупанчески, за Јанкулоска признава дискриминација – интервју со директорот за санкции

Кристијан Ландов

Сопругот и адвокат на Јанкулоска: Нејзина главна мотивација е да се утврди кој прислушувал

Кристијан Ландов

Јанкулоска бара ослободителна за прислушувањето: Совеста ми е чиста, јас сум жртва на овој монструозен процес

Кристијан Ландов

Јанкулоска е сама во соба и иако сакаше, не работи во затворскиот весник

Кристијан Ландов

Полицијата во станот на Јанкулоска, ќе ја спроведуваат во затвор

Кристијан Ландов