Јанкулоска: Немаше инциденти по фудбалскиот натпревар, апелиравме за спортско навивање

Од:

По прекинот на финалниот натпревар меѓу екипите на „Шкендија“ и „Тетекс“ од Купот на Македонија, синоќа на арената „Филип Втори“ во Скопје и по излегувањето на навивачите од стадионот немаше инциденти, што значи дека ние како МВР во тој дел немаше потреба да интервенираме на кој билo начин.

Ова денеска на прес – конференција го изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, нагласувајќи дека и покрај сите апели вчера, како што подвлече, имавме крајно недолична атмосфера во услови на значаен фудбалски натпревар.

– Организаторот на натпреварот постапи како што налага законот односно прво привремено, а потоа трајно делегатот на натпреварот побара прекинување односно откажување на натпреварот. Во таа смисла бидејќи се запазени законските процедури нема одговорност кај организаторот на натпреварот. Со оглед на тоа што немаше посериозни нарушувања на јавниот ред и мир од аспект на безбедноста, во тој дел МВР нема простор за постапување, појасни Јанкулоска.

Таа истакна дека извикувањето националистички пароли и недоличното навивање треба да наиде на максимална осуда не само кај ФФМ и МВР, туку и кај пошироката јавност.

– Во таа смисла ќе продолжиме и со превентивното делување, апелирање  за тоа дека во спортот нема место за насилство, за националистички пароли и за нарушување на јавниот ред и мир. Ние ќе продолжиме и со репресивни мерки таму кај што има основа за тоа, рече Јанкулоска.

Според неа, со вчерашната атмосфера на фудбалскиот натпревар се потврдило дека е неопходно да имаме јасна регулатива за однесувањето на сите присутни на спортските натпревари.

Не случајно, нагласи таа, МВР во секоја можна прилика апелира за спортско навивање и однесување на терените и за придружување кон сите правила и процедури кои се однапред пропишани при одржувањето на кој било спортски натпревар.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните

Ги нападнале овчарски кучиња, се качиле на столб за мобилна телефонија – спасени белгиски планинари во Ценар Жупа

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Еднојазичните униформи не се само облека

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори