Јанкулоска: Најмирни избори досега

Од:

Денешниот изборен ден мина без инциденти и е еден од најмирните избори во досегашната историја на повеќепартиски избори на Македонија без какви било инциденти, изјави вечерва на прес-конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

– Македонија денеска гласаше достоинствено и демократски, согласно највисоките европски стандарди и како Министерство за внатрешни работи со задоволство можеме да информираме дека изборниот ден помина без никакви посериозни инциденти. И од безбедносен аспект гледано беше еден од најмирните изборни денови во историјата на Република Македонија, изјави Јанкулоска.

Според неа, фактот што првпат во историјата на одржување повеќепартиски избори немаше прекин на гласање на ниту едно избирачко место, покажува дека демократска зрелост на граѓаните е на исклучително високо ниво и компаративно гледано вакви избори ретко може да се најдат и во земјите од регионот.

Единствениот случај поврзан со изборниот процес, посочи таа, бил регистриран на избирачко место во Велешта, кој полицијата го рачистила, го документирала и ќе следи соодветна пријава.

– Тоа значи дека денот практично помина без интервенции на МВР и од тука по затворањето на избирачките места како Министерство пристапуваме кон реализација на  последната трета фаза од нашите задолженија поврзани со изборниот процес, а тоа е транспортот на избирачкиот материјал. Очекуваме дека и во овој дел на изборниот процес нема да се соочиме со некои поголеми нарушувања или проблеми, затоа што искуството од првиот круг и од денешниот изборен ден  покажуваат дека Македонија гласаше демократски, во фер и слободна атмосфера, ги избра своите пратеници и новиот претседател на Република Македонија, истакна Јанкулоска.

Штабот на МВР, додаде таа, ќе продлжи да работи се до заоркужување на третата фаза од изборниот процес.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР