Јанкулоска: Македонија прави максимални напори да се справи со лажните азиланти

Од:

Министерството за внатрешни работи и сите други надлежни институции во Република Македонија прават максимални напори за да одговорат условно речено на т.н. азилантски бран, односно да се справиме со зголемениот број нелегални и лажни азиланти, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Сите овие активности, потенцира таа, се прават во координација и во контакт со државите кои се најмногу загрозени, но сепак, укажа, свесни сме дека прашањето за механизмите за контролирање на зголемените азилантски бранови генерално за сите земји од светот не само од Западен Балкан е легитимно прашање за кое земјите-членки на Европската унија треба да разговараат.

– Лично сметам дека би била погрешна одлуката против која било од земјите кои добија визна либерализација да се преземе таков радикален чекор бидејќи дефинитивно визната либерализација е најголемата придобивка за граѓаните на Република Македонија од процесот на европски интеграции барем досега, рече Јанкулоска.

Токму заради тоа, истакна таа, максимално сме посветени на справување со овој проблем.

МВР во изминатиот период, подвлече Јанкулоска, реализираше повеќе случаи за разоткривање на организаторите, односно на оние лица кои барателите на азил ги доведувале во заблуда, односно лажно им ветувале азил во некои од западноевропските земји.

– Продолжуваме со таквите активности неселективно без разлика кој ќе биде во таква ситуација на прекршување на Законот неминовно ќе одговара бидејќи со таквото поведение не само што ги прекршува законите на Република Македонија, туку придонесува за загрозување на едно право на над два милиони луѓе, право на слободно патување заради нивното незаконито и неодговорно поведение, порача денеска министерката Гордана Јанкулоска по обраќањето на конференцијата „Денови на приватно обезбедување 2012“

Би можело да ве интересира

Австрија изложена на критики поради издавање визи на руски пратеници кои се под санкции на ЕУ

Бројот на луѓе кои бараат азил во Европа достигна највисоко ниво во последните шест години

Ана Ололовска

Од Русија избегаа во Америка, наместо во ветената земја завршија во притвор

Горан Наумовски

Косово воведе визи за сите руски државјани, без исклучоци

Зелено светло од ЕУ за суспензија на визната либерализација со Русија

ФТ: ЕУ планира следната недела да го суспендира договорот со Русија за визно олеснување