Јанкулоска: Македонија не е изолирана во поглед на опасностите од тероризмот

Од:

Политичките и социоекономските фактори кои може да придонесат за терористичко радикализирање и регрутирање, се тема на дводневниот национален семинар „Сузбивање на насилниот екстремизам и радикализам кој води кон тероризам (ХЕПТ)“, што почна денеска во Скопје.

На темата разговараат околу 50 локални и меѓународни учесници, вклучувајќи експерти за безбедност и претставници на националните власти и граѓанското општество. Ќе се истражуваат и начините на кои јавниот и приватниот сектор, како и полициската работа во заедницата, можат ефективно да помогнат во спречување и борбата против тероризмот.

– Очигледно ова е закана за целиот свет и Македонија не е изолирана во поглед на опасностите, но и во поглед на мерките кои неопходно мора да се преземаат. Токму настаните како денешниов се добра прилика за размена на искуствата, за најдобрите практики и да се поразговара за перспективите односно моделите или одредени интервенции во легислативата или промени во методологијата на работа, истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Евидентно, посочи таа, е дека заканата со која се соочуваме е закана со која се соочува целиот демократски свет.

– За Македонија тоа е проблем исто толку колку што е проблем за САД и за која било друга демократска држава во светот. Кога станува збор за тероризмот не постојат мали и големи држави под закана на ова глобално зло, изјави Јанкулоска.

Во Македонија досега нема поднесено кривична пријава за регрутација во некоја од терористичките организации, но во последните измени во Кривичниот законик е интервенирано во овој дел.

– Создадена е правната рамка во функција на испраќање на порака дека нема да дозволиме во Република Макеоднија ваквите радикални структури да најдат плодна почва за промоција на нивните идеи и одат на штета на демократијата и на слободата на сите граѓани. Меѓутоа, безбедносните служби пред с еоние кои работат на националната безбедност и сите други институции надлежни за спроведување на законот се во постојана координација. Кога велам постојана координација тука не мислам на нашите национални служби, туку сите служби кои се целосно посветени на оваа проблематика од партнерски држави, практично од целиот свет, рече Јанкулоска.

Досега, според неа речиси без исклучок се покажало дека актите на тероризам никогаш не биле во смисла на подготвувањето, организирањето и извршувањето изолирани само во една држава.

– Најчесто имало конекции со повеќе држави во светот. Комуникација на луѓе со слична идеологија и убедување кои доаѓаат од разни краишта  од светот, меѓутоа имаат една заедничка цел и токму заради тоа есенцијално е да имаме пред се меѓусебна доверба кога работиме на вакви прашања. Потоа и добра координација и методологија врз основа на која ќе постигнеме најдобри можни резултати во даден момент затоа што за жал до овој момент светот не нашол одговор за овој глобално зло, вели Јангулоска.

Aмбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет истакна дека за жал радикалниот екстремизам е широко распостранет феномен.

– Религискиот радикализам и политичките радилистички групи работат заедно. Радикалите одат во тренинг-кампови и уште повеќе завршуваат во терористички групи. Идејата на овој настан е да размениме информации, да зборуваме за корените, за стратегијата како да се справиме со ова и што може да направиме заедно, изјави амбасадорот.

За справување со овој проблем, според него освен соработката на полициите потребна е и работа со младите луѓе и да се видат корените на овој радикализам, бидејќи најчесто младите се тие кои се врбувани.

Американскиот амбасадор Пол Волерс повтори дека Проблемот со тероризмот и  радикализмот е глобален проблем во светот.

– Во медиумите секој ден гледаме информации за вакво нешто. Можеме да се справиме со нив доколку работиме заедно и внатрешно и на меѓународен план. САД потенцираат дека мора да работиме заедно и да учиме едни од други за овој проблем и да се координираме подобро. Мислам дека тоа е многу важно за борбата против тероризмот, рече Волерс.

За соработката со македонското МВР, рече дека е многу блиска.

– Не би сакал да влегувам во детали по ова прашање, но имаме историја на многу добра соработка и исто така соработуваме со земјите од регионот и со многу земји од светот по тоа прашање, рече Волерс.

Коорганизатори на настанот се Одделот за транснационални закани на ОБСЕ и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со поддршка на Владата на САД.

Би можело да ве интересира

Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

МВР: Три кривични пријави за полицаец од Крушево

Тројца приведени за пожарот во Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Александар Тодески