Јанкулоска: Извештајот на ТИ ги потврди добрите политики во борбата против корупцијата

Од:

Извештајот на Транспаренси интернешенл (ТИ) за 2012 година, во кој Македонија е рангирана на 69. место според индексот на перцепција на корупцијата, само ги потврди добрите политики што Македонија ги води во делот на борбата против корупцијата, нагласи министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Ако се земе предвид, укажа таа, дека овој извештај доаѓа во време на најтешката економска криза, кога и земји како што се Германија и Словенија бележат пад на оваа листа, тогаш задржувањето на истата позиција од минатата година има поголемо значење бидејќи Република Македонија и понатаму, за разлика од сите свои соседи и пошироко, е земја која е меѓу најдобро пласираните во оваа област.

– Фактот што и оваа година Македонија е на 69.место според индексот на перцепција на корупцијата, не треба да не остави рамнодушни или сосема убедени дека ова што го правиме е доволно и оти тука треба да застанеме. Напротив, околностите во кои сме го постигнале овој резултат се дополнителен поттик да продолжиме со интензивна борба против корупцијата и криминалот и да ги зајакнуваме антикорупциските политики, изјави Јанкулоска по денешната промоција на публикацијата „МАРРИ Миграциска анализа 2012“ во издание на МАРРИ Регионалниот центар.

Според неа, добро е што Република Македонија опстојува на позитивните трендови, затоа што, како што рече, во минатото, за жал, беше препознавана како земја која се наоѓа во последниот дел од листата, а во еден период го постигна и неславниот рекорд на 105-то место.

Во Извештајот на Транспаренси интернешенл (ТИ) за 2012 година од државите во регионот, пред Македонија се Словенија на 37. место и Хрватска, која  е на 62. позиција. Зад Македонија,  според индексот на перцепција на корупцијата, се БиХ на 72. место, Бугарија на 75, Србија на 80, Грција на 94,  Косово на 105 и Албанија на 113.

Од рангирани 176 држави, најмалку корупција, според Транспаренси интернешенл, има во Нов Зеланд, Данска и Финска. Најкорумпирани држави во светот исто како и минатата година се Северна Кореја, Сомалија и Авганистан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, МВР набавува сомнителен софтвер за прислушкување

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ