Јанкулоска: Без проблеми доставен избирачкиот материјал

Од:

Без никакви проблеми МВР денеска заврши со дистрибуција на избирачкиот материјал, односно доставен е до сите избирачки места, така што органите надлежни за спроведување на изборите, согласно календарот на Државната изборна комисија, ќе можат да продолжат со активности кои се во нивниот домен на надлежности, информираше денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

– Во периодот помеѓу двата изборни круга по однос на безбедносните прашања регистрирани се девет безбедносни настани на подрачјето на Скопје, Тетово, Битола, Ресен и Неготино, кои се со мала или незначителна материјална штета. Најчесто се работи за скршени стакла на штабови на политички партии или други помали оштетувања, за кои МВР работи и постапува за откривање на сторителите, изјави Јанкулоска по денешниот работен состанок на Оперативниот штаб на МВР, формиран за потребите на изборите.

Како покарактеристичен настан кој може да се издвои, посочи таа, е тепачката што се случи на подрачјето на скопската општина Аеродром, како и едно приведување на лице за кое е поднесена соодветна кривична пријава на територијата на Охрид.

– Во вториот круг благо ќе се зголеми бројот на полициски службеници, а тоа ќе значи дека секое избирачко место ќе биде покриено со присуство на претставници од МВР во согласност со законската регулатива, односно на оддалеченост на која законот го дозволува тоа, рече министерката Јанкулоска и потсети дека во првиот круг од претседателските избори беа ангажирани 7 илјади полицајци.

Од името на МВР, таа апелираше до сите граѓани да се однесуваат достоинствено, да го искористат своето избирачко право на демократски начин и да овозможат сите други граѓани да го направат истото согласно нивната волја и одлуката што ја донеле врз основа на политичката презентација на учесниците на овие избори.

– Доколку кој било, без разлика на партиска, верска или етничка припадност биде инволвиран во инциденти, треба да знае дека одговорноста е индивидуална и оти лидерите на политичките партии нема да ги спасат од одговорноста пред законот. Одговорноста согласно одредбите од Избирачкиот законик предвидува високи затворски казни за изборни нерегуларности, предупреди министерката Јанкулоска.

МВР помеѓу двата изборни круга продолжи со активности кои се однесуват за мирни, фер и демократски избори, информира таа и додаде оти за претседателските избори се одржани 62 предизборни митинзи и 8 средби на граѓани, на кои присуствувале над 40 илјади граѓани, а за нивно обезбедување ангажирани биле 150 полицајци.

За парламентарните избори се одржани 74 предизборни митинзи и 7 средби со граѓани, присуствувале над 60 илјади граѓани, ангажирани за нивно обезбедување 270 полицајци.

Би можело да ве интересира

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет