Јаневски: Во Струмица ќе изградиме Дом за стари и Центар за целодневен престој на деца

Од:

Со прераспределба на човечките ресурси во администрацијата, со воведување на флексибилно работно време, двосменско работење, електронски систем на услуги и мобилни канцеларии во населените места ќе овозможиме поевтини, побрзи и поквалитетни услуги, вети кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ и Коалицијата, Коста Јаневски на денешната прес-конференција.

– Струмица беше лидер во партиципативниот пристап во носењето на буџетот. Преку собирите во месните и урбаните заедници и форумите на заедницата, граѓаните беа активно вклучени во креирањето на локалните политики. Заедно се утврдуваа приоритетите и се реализираа проектите, рече Јаневски.

Тој најави дека ќе останат отворени за идеите, предлозите,

– Ќе изградиме Дом за стари лица, нова детска градинка, Центар за целодневен престој на деца од 6 до 10 години, Дневен центар за деца со посебни потреби, поддршка и помош за најзагрозените семејства, ќе воведеме јавен превоз. Ќе ги поддржувам и поттикнувам сите демократски механизми како петиции, преставки, граѓански иницијативи, собири на граѓани, референдуми во интерес на граѓаните на општина Струмица, рече Јаневски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?