Јаневски: Имам голема желба и сериозна намера за решавање на инфраструктурните проблеми во Софилар

Од:

„Ќе го забрзаме процесот на легализација на бесправно изградените објекти во месноста Софилар. Жителите конечно ќе ги уживаат бенефитите од урбанизацијата со патна, водоводна и канализациона инфраструктура и јавно осветлување“, ова беше едно од ветувањата во предизборната кампања на градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски. Два месеца по ова ветување, тој започна со негова реализација.

Синоќа во големата сала на домот на АРМ, градоначалникот Јаневски со своите соработници, одржа собир со граѓаните од месноста Софилар, односно, од блоковите 39 и 40. Целта на собирот беше да се нотираат проблемите со урбанизацијата на бесправно изградените објекти, односно, да се забрза тој процес за да може да се донесе деталниот урбанистички план и потоа да се изгради целокупната инфраструктура која ќе им обезбеди подобри услови за живот на жителите од овој дел на градот.

-Имам голема желба и најсериозна намера да го решам проблемот во Софилар и затоа го иницирав овој собир. Истата желба ја имате и вие. Затоа, апелирам да го завршите легализирањето на бесправно изградените објекти по итна постапка, во која ќе ја имате и нашата помош, за да можеме потоа ние, како Општина, да си ја завршиме нашата работа, рече Јаневски.

По дискусиите на присутните во кои акцентот беше ставен на брзо решавање на проблемот, се донесе заклучок до крајот на годината да се достават елаборатите за да може по брза постапка да се легализираат бесправно изградените објекти, а веднаш потоа и постапката за донесување на деталниот урбанистички план за блоковите 39 и 40.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри