Јаневиќ: Македонија во натпревар со Косово за најниска минимална плата во регионот

Од:

Либерално-демократската партија со загриженост го следи постојаниот пад на животниот стандард на граѓаните на Р.Македонија. Во таа насока поразителен е податокот на Европската статистичка служба „Еуростат“, според кој Македонија се наоѓа на самото дно во регионот, а со тоа и во Европа според висината на минималната плата, велат од ЛДП.

„Податоците на „Еуростат“покажуваат дека минималната плата во Македонија е 131 евро , или засрамувачки, само едно евро повеќе од минималецот на Косово. Сите останати земји од регионот, Албанија(149), Бугарија(184), Србија(174) ,Црна Гора(191) и Босна и Херцеговина (191) имаат повисоки минимални плати од Македонија. Она што е поразително е тоа што минималната плата во Хрватска од 396 евра е повисока и од просечната плата во Македонија која изнесува 350 евра”, изјави во денешната прес конференција, портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ.

Според Јаневиќ, после 9 години владеење, владата на ДПМНЕ изразува неспособност за обезбедување пристојни месечни примања, како и за достоинствен живот на граѓаните на Р. Македонија.

„Наместо денеска Македонија да се споредува со некоја западно-европска земја, ние сме „заковани“ меѓу најмизерните држави на Балканот.

Ако на овие катастрофални економски последици се додадат и криминалните афери во кои тоне владата, тогаш поднесувањето колективна оставка е најпатриотскиот чин што може да го направи оваа владеачка структура.

ЛДП, уште еднаш јавно ги повикува премиерот Груевски и неговите министри да си поднесат оставки и да дозволат формирање на преодна Влада која ќе создаде услови за нормален изборен процес во Р. Македонија“, порача Јаневиќ.

Би можело да ве интересира

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Левица: Додека ДПМНЕ пропагира многудетни семејства, секое трето дете во Македонија е сиромашно

Британците имаат сè помалку пари за храна и греење

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции