Јанева: Не знам кога ме снимал Боки, јас снимката ја видов во Обвинителството

Од:

Тужената Катица Јанева од која бизнисменот бара да врати дел од 1.5 милиони евра, кажа дека нема врска со тие пари. Според неа, ниту во „Рекет“ се товарела дека ги земала тие пари. За случајот „Империја“ каде според предметот „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13 влијаел врз неа како специјален јавен обвинител за Орце Камчев да биде повластен, рече дека не е точно:

„Истите мои поранешни колешки, а тие се колешки по ракија по чашка, во предметот Плацови на Водно побараа поблаги мерки за него, најголемиот финансиер и перач на пари во историјата на Македонија. Без срам и перде побараа за неговото сторено кривично дела“, кажа Јанева.

Според неа, таа не сторила никаква штета на Орце Камчев: „Напротив, според пресудата, таму стои дека сум му овозможила корист во постапката, со спогодба и погодности“, кажа Јанева.

За запленетата гарнитура, посочи дека има сметкопотврда.

Адвокатот Лазар Јанев праша: „На 21 февруари 2019 година, кое дејствие го има преземено СЈО за Јордан Камчев: „До Врховниот суд достави мислење со кое бара предлогот молбата на адвокатите на сега тужителот (Камчев) да биде пуштен од куќен притвор да биде одбиен како неоснован. А Врховниот суд го пушти. Не знам која корист јас сум ја направила. Мислењето на СЈО не го ни споменаа. Не можам да влијаам јас со мислење, а целата пресуда е тоа. Јас се теретам за мислење и дека Боки влијаел. Боки нема поима од право, може да се разбира од марки. Добро е што се најдовме тука па научи нешто“.

Тврди дека никогаш не планирала да бега.

„Јас ја следев снимката, бев на одмор во Грција, па во притвор. Ако сакав ја да побегнам ќе останев во Грција. Јас се вратив за да докажам дека сето тоа е монтажа, небулоза е тоа. Си останав достојна да ја докажам вистината дека сум чесен човек и дека не сум ја злоупотребила положбата и овластувањето“, рече Јанева.

Јанева кажа дека и е замрзнат целиот имот по пресудата од „Рекет“, како и пензијата која ја зема од нејзиниот починат сопруг.

За парите на маса, за кои Обвинителството кажа дека се 50 илјади евра, Јанева рече: „Не знам кога ме снимал Боки, јас снимката ја видов во Обвинителството. Дали е точна снимката и каква е, никој не знае. Не е вештачен телефонот. Ниту мојот телефон е вештачен“.

„Дали поднела приватна кривична пријава против Бојан Јовановски за неовластено снимање“ праша адвокатот на Камчев, Александар Михајловски, по што, таа рече дека не сака да одговара на тоа прашање и додаде: „Тоа е моја приватна работа.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева