Јанев: Привремената Влада го заштити националниот интерес во однос на позицијата за Македонија

Од:

Привремениот владин кабинет успеа да го заштити националниот интерес на Бугарија во надворешната политика, особено во однос на бугарската позиција за Северна Македонија. Тоа го оцени на прес-конференција за активностите на Владата техничкиот премиер Стефан Јанев.

Според Јанев, Бугарија демонстрирала дијалог и направила се што е потребно.

-Софија ја аргументираше својата позиција пред своите европски партнери, така што овој тип на однесување се базира на принципиелна позиција, бидејќи зборуваме за заедничкото европско семејство. Бугарската Влада достојно го бранеше националниот интерес на Бугарија, рече Јанев.

Тој додаде дека во наредните месеци следната влада ќе има слично однесување.

Би можело да ве интересира

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка