Јанчев: Средбата за „Фени” пример на злоупотреба на службената должност за изборни цели

Од:

Ова е класичен пример на злоупотреба на службената должност од страна на власта во изборни цели, рече денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Митко Јанчев, по информациите, како што рече, дека неговиот противкандидат остварил средба со превозниците од Фени индустри и вице премиерот за економски прашања на Република Македонија.

– Напоменуваме дека превозниците се свесни за оваа предизборна манипулација и дека истите имаат организирани форми на здружување и застапување на сопствените интереси. А тоа е Здружение на транспортери преку републичката Стопанска комора, нагласи Јанчев.

Според него „власта е видно вознемирена и уплашена од поразот кој им претстои на локалните избори и ги прави последните очајнички чекори”.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ