Јанчев: Се откажувам од градоначалничката плата и нема да користам службено возило

Од:

Јавно се откажувам од градоначалничката плата, нема да користам службено возило и службените обврски ќе ги извршувам со сопствено возило. Ова го рече денеска на прес-конференција Митко Јанчев, кандидат за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

– Финансиските средства од градоначалничката плата ќе се префрлаат на донаторска сметка, ќе бидат наменети за хуманитарни цели и за решавање на социјални проблеми, нагласи Јанчев. Информира дека овој фонд за четири години ќе изнесува 50.000 евра, а распределбата на финансиските сдерства ќе ја врши тело составено од социјални работници и истакнати хуманисти.

По овие два основа, како што рече, буџетот на општина Кавадарци ќе заштеди околу 150.000 евра за период од четири години.

– Парите на граѓаните ќе се трошат одговорно, наменски и според реалните потреби на граѓаните. Ве уверувам дека секој ваш денар, вашите даноци и такси уплатени во општинскиот буџет, со мене како градоначалник, ќе имаат поголема вредност. Не случајно моето мото е „Кавадарци на прво место“, рече Јанчев.

Тој нагласи дека кандидатурата за градоначалник на општина Кавадарци ја поднел со голем ентузијазам и желба да направи крупни промени во локалната заедница, кои, како што рече, ќе придонесат кон подобрувањето на животните стандарди на сите граѓани во Кавадарци.

– Функцијата градоначалник, доколку граѓаните ми ја дадат нивната довербата, ќе ја извршувам исклучиво со намера и желба да дадам максимален придонес да се направи Кавадарци поубаво место за живеење, додаде Јанчев.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори